Горан Кнежевиќ (43) во средата доцна навечер во Загреб на патот Козари со секира ги нападнал поранешната сопруга (42) и едноиполгодишно дете, а потоа побегнал. Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.
Откако ги нападнал жената и детето, тргнал кон Косница, каде излегол од автомобилот и продолжил да бега. Тогаш на него налетал камион и го прегази.
Медиуми објавија дека загрепската полиција неколку пати го повикала бившиот партнер на жртвата на разговори во полицијата, но против него официјално не била поднесена кривична пријава, пренесува Крурир.рс.
Според Кривичниот законик, заканите се гонат само по предлог на жртвата. Поради ова, полицијата се правда дека ниту формално не можела да покрене случај против него, иако евидентно е дека знаеле како 42-годишната жена со години била малтретирана од нејзиниот поранешен партнер.
Од разговори со пријателите на нападнатата медиуми пренесуват дека таа одлучила да прекине секаков контакт со Кнежевиќ бидејќи тој не сакал да се промени. Сепак, како што велат неговите пријатели, тој не можел да се помири со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.