Ова ги одбележа нашите животи засекогаш. На сите нас. Јас функционирам како зомби од 3 мај лани. Одам на работа и сè правам механички“, изјави класната наставничка Нада Радоњиќ Булатовиќ пред Вишиот суд во Белград.

Таа детално опиша како било кобното утро и како ја примила страшната вест за масакрот во училиштето во кое работи.

За моја среќа, ако можам да кажам, тој ден бев на втора смена. Станав и направив кафе и не го ни вклучив телевизорот тоа утро. Мојот сопруг полека и селективно ми кажа дека овој хорор се случил на училиште. Моето дете оди во тоа училиште иако не живееме блиску. Го запишав во „Рибникар“ затоа што верував дека тоа е најбезбедното училиште во Србија. Сите ние што работиме во училиштето сме си ги однеле децата таму. Драган Влаховиќ кој секогаш беше тука за нас, не смируваше и не расположи со својата блага насмевка. Кога слушнав дека е ранет, реков: „Не е Драган, како некој друг да е помалку вреден“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.