Новата Влада во Софија успеа да започне добар процес кој има за цел да ги зближи Бугарија и Македонија, да ја погледне историската перспектива, а во исто време да ја погледне и перспективата во ЕУ.
Ова за бугарскиот ТВ канал Нова ТВ го соопшти Илхан Ќучук, копретседател на либералната партија АЛДЕ, европратеник од ДПС/„Обнови ја Европа“ и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Ќучук, има тензија на историски, но не и на политички план. Тој рече дека работел со овие луѓе долги години и веќе ја има нивната доверба. Договорот меѓу двете земји од 2017 година, вели, го отвори евроатлантскиот пат за Македонија.
Запрашан дали верува дека Бугарија треба да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, тој рече дека верува оти Бугарија треба активно да работи во рамките на правилата договорени меѓу двете соседни земји.
-Ќе биде голем пропуст на бугарската надворешна политика ако го дозволиме овој луксуз – Албанија да започне преговарачки процес, а Македонија да се остави настрана, рече Илхан Ќучук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.