Во текот на истрагата на т.н „Врачарска“ група било утврдено дека активно го следеле Данило Вучиќ и си разменувале пораки преку апликацијата „Скај“ во кои разговарале дали да го убијат претседателот или неговиот син.
Членовите на мафијашката група на Никола Вушовиќ Џони, активно работеле на подготовката на атентатот на Александар Вучиќ, а најсериозно размислувале и за убиството на постариот син на претседателот Данило.
Прислушувани се дури и комуникации во кои мафијашите како потенцијална мета ја споменуваат ќерката на претседателот Милица, како и помладиот син Вукан, кој има само пет години!?!
„Свиткајате го малиот“
За монструозноста на уапсените криминалци можеби најдобро зборува пресретнатата порака на Скај во која еден од мафијашите вели дека најдобро би било да го убијат Данило, бидејќи тој е многу полесна мета’ додека ефектот на убивање би било ист, пишува „Информер.
„Ако го свитмамее малиот, тогаш и старецот ќе заврши, Мислам дека е најдобро, многу е полесно да го убиеме малиот тогаш е готово! Тоа е крајот…“ гласи една од пораките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.