Премиерот во оставка Кирил Петков во петок навечер ќе се прости од Советот на министри и функцијата на која беше седум месеци, пишува бугарски 24 Часа.

Весникот додава дека информацијата ја добиле откако им стигнала веста дека вработените во администрацијата со електронска порака биле поканети од Петков на проштална забава. Прошталната забава ќе се одржи в петок на 29 јули во 17 часот, пренесува 24 Часа.

Притоа се додава и дека в петок треба да стане јасно дали партијата на Кирил Петков и Асен Василев ќе се обиде да формира нова влада со мандатот чиј носител е Бугарската Социјалистичка партија.

Денеска бугарските социјалисти ќе се соберат на состанок за да одлучат што всушност ќе прават со својот мандат. Опциите им се или мандатот да му се врати на претседателот Румен Радев, или да му се даде на шефот на државата кандидат за премиер.

Кирил Петков владееше како премиер во оставка повеќе од еден месец, откако парламентот му изгласа недоверба на 22 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.