Кинезите кои го поседуваат атинското пристаниште Пиреја и сакаат да транспортираат производи до Дунав евтино и по најкраткиот пат.

Кина не се откажува од својот план за изградба на каналот Морава-Вардар, кој ќе ги поврзува Солун и Дунав, дознава „Република.рс“.


Овој канал е неопходен за Пекинг бидејќи единствени точки за да се стигне до Европа се атинското пристаниште Пиреја, кое го купија Кинезите, како и Трст и Џенова.

Во моментов, стоката мора да се транспортира од Пиреја до европските метрополи со возови, камиони и авиони.

Водениот транспорт е поевтин, а единствениот начин на кој кинеските стоки од Пиреја можат да стигнат до Европа е преку турскиот теснец Дарданели и Босфор, а од Црното Море преку Дунав преку Белград, Будимпешта, Виена и Регенсбург.

За да го скрати тој воден пат за 1.000 километри, Кина планира да ги поврзе каналите Морава и Вардар, а со тоа и пристаништето Пиреја со Дунав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.