Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ денеска по втор пат беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Ново рочиште беше закажано по барање на осомничениот, кој по апсењето во обвинителството признал дека заедно со Срѓан Јанковиќ го удриле девојчето со автомобил, ја ставиле во гепекот и нејзиното тело го фрлиле на депонија.

 

Другиот осомничен за ова дело, Срѓан Јанковиќ, неодамна  негираше дека го убил девојчето, а по апсењето се бранел молчејќи.

Во овој случај, покрај Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничен е и таткото на Дејан Драгијевиќ поради сомневање дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Јанковиќ и Драгијевиќ се во притвор, додека Радослав, татко на осомничениот Дејан, неодамна беше пуштен да се брани од слобода.Братот на Дејан, Далибор Драгојевиќ почина на 7 април



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.