Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС.
Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.
Ова е голема одговорност и тест, изјавил Радев.
Тој укажал на високо фрагментираниот парламент, како и на неподготвеноста на мнозинството бугарски граѓани да учествуваат на изборите, што неминовно влијае на легитимитетот на институциите.
Росен Желјазков го прочита составот на предлог-кабинетот. Тој потоа побара од шефот на државата да донесе указ и да го претстави кабинетот на Националното собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.