Во Србија се одржаа вонредни парламентарни избори, а своето право на глас го искористија бројни познати личности. Една од нив беше и пејачката Јелена Карлеуша, која го привлече целото внимание кога се појави пред нејзиното гласачко место во училиште во Белград.

Ја извршив мојата граѓанска должност. Малку истрпив навреди од координаторот, но претпоставувам дека тоа е цената кога си јавна личност. Стоев во редот и затоа не знам што направив за да го заслужам. Наместо да се обидат да воведат некаков ред, за да не стоиме сите во такви гужви, особено постарите и инвалидите, тие се занимаваа со навредите кон мене. Ама добро, немав коментар и толку, откри таа пред српските новинарски екипи.

Потенцираше дека е многу важно да го искористите вашето право на глас:

Најважно, апсолутно најважно. Затоа што се работи за иднината на нашата земја, за нас, за нашите деца и треба да ги избереме најдобрите, рече Карлеуша.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.