Шефот на Канцеларијата на Европската Унија на Косово, Томас Суниог, се заложи за што поскоро одржување вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средба со министерот за локална самоуправа во владата на Косово, Елберт Красниќи, Суниог преку својата страница на Твитер порача дека на изборите е неопходно целосно и безусловно учество на претставниците на тамошните Срби.

Разговаравме за предвремените избори во северно Косово со минисерот Елберт Красниќи. Повторив дека предвремените избори треба да се организираат што поскоро во четирите општини и со целосно, сеопфатно и безусловно учество на косовските Срби“, напиша Суниог.

Косовските Срби во април годинава ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести во четирите општини, по што премиерот Албин Курти ангажира специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.

Европската Унија и САД воведоа санкции кон владата на Курти, со барање за повлекување на специјалците и организирање предвремени избори со учество на претставниците на косовските Срби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.