Полициските акции, иницирани од косовското Обвинителството, ги вразуми маркетите кои вчера литар сончогледово масло го продаваа по цена од 3,49 евра без разлика на производителот и тоа во ограничени количини од максимум четири шишиња.
Цената на литар зејтин денес се движи од 2,19 до 2,99 евра, вели адвокатот Арбер Јашари кој на Фејсбук сподели пост во кој напиша „Криминалот се вика ЦЕНА“.
По полициската акција затворен е главниот магацин на Вива Фреш Стор каде се пронајдени 100 илјади литри зејтин. Информацијата ја потврди косовскиот премиер Албин Курти.
Затворени се два магацини. По акција на пазарниот инспекторат и косовската полиција, Одделот за истраги на економски криминал, во два магацини (Фуш Косово – Косово Поле и Грачаница) е пронајден зејтин за кој недостасувала документација, објави Курти на фејсбук.
Тој во постот нагласи дека 3,49 евра за шише масло е вештачко поскапување. “Не дозволуваме изнуда. Имаме зголемена контрола и надзор и ќе ги казниме оние кои манипулираат и профитираат во име на кризата“, додаде косовскиот премиер.
Инспекторите во Гњилане казниле и пекара со илјада евра, бидејќи тежината на лебот не одговарала на декларацијата, соопшти општина Гњилане.
Инспекторите од оваа косовска општина казниле и маркет заради манипулација со цената на шеќерот.
Огласената цена на шеќерот во пакување од 5 килограми изнесуваше 4,09 евра, додека касиерот платил 4,19 евра. Поради ова неусогласеност, согласно законот за заштита на потрошувачите, инспекцијата му изрече глоба на продавачот, се вели во соопштението.
Косовските власти повика граѓаните да пријават случаи кога ќе наидат на вакви прекршоци. Паниката во однос на поскапувањето на цената на зејтинот во Косово се прошири и во Македонија преку објави на некредибилни медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.