На погребите на жртвите на Вук Бориловиќ (34), кој во петокот уби десет соседи во Цетиње, по што беше ликвидиран, беа видени неколку мажи во бели кошули, што според старите племенски обичаи претставува заклетва за крвна одмазда, пренесуваат црногорските медиуми.
Загинатите беа погребани во саботата и неделата на неколку гробишта во Цетиње и околината, а меѓу ожалостените имаше и полицајци во цивилна облека. Овие полицајци не им пријдоа на мажите во бели кошули, бидејќи не е забрането да се носи таква облека на погреб, но тоа им падна во очи на постарите цетинци и ги загрижи.
Еден од нив за црногорските медиуми изјави дека белата кошула на погреб може да претставува многу опасна порака.
Од античко време, оној што носи бела кошула на погребот на некој близок, кој е убиен, испраќа порака до семејството на убиецот дека се заколнува на крвна одмазда и дека долгот за крв мора да се плати, рекол овој цетињенец.
Дека во Цетиње постои сериозна загриженост поради можноста за крвна одмазда покажа и соопштението на црногорската полиција во кое апелираат до сите граѓани да не креваат тензии за да се зачува мирот. Покрај тоа, сопругата и трите ќерки на Вук, кои во моментот на злосторството биле на море во близина на Тиват, биле однесени на безбедна тајна локација и добиле полициска заштита, потврди началник на криминалистичката полиција во Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.