Срѓан Лалиќ (36), еден од најблиските соработници на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, успеа да добие привилегиран статус и да избегне најстрога казна.

Лалиќ детално ги опиша и објасни злосторствата на групата и обвинението во кое и самиот учествувал. Обвинителството за организиран криминал тогаш сметаше дека „гревовите“ на обвинетиот информатичар со морничава насмевка се поголеми од она што го понудил како спогодба.

Во меѓувреме Лалиќ реши да каже нови детали, особено што знае за други ликвидации кои досега не се истражени. Според неофицијални информации, инвеститорот од Звездара Мирко Којиќ Која, кој се уште се води како исчезнат, бил отруен, а потоа неговите останки биле уништени во индустриска мелница за месо во куќата во Ритопек.

Станува збор за кумот на Марко Миљковиќ, кој беше еден од обвинетите за убиството на неговиот втор кум Властимир Милошевиќ.

Каков крал сум! Убив двајца кумови – стои во фатена преписката на Миљковиќ преку „Скај“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.