Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на Косово се соочува со голема дрскост која доаѓа од западните сили, бидејќи тие бараат од Србите да ги тргнат барикадите и да се вратат во институциите, наместо прво да се формира Заедницата на српски општини.

Прво формирајте ја Заедницата на српски општини, а потоа ќе ги отстраниме барикадите – изјави Вучиќ за новинарите во Азербејџан каде имаше средба со претседателот Илхам Алиев.

Според Вучиќ, Приштина не сака ниту да слушне, ниту да слуша, туку само да го понижува Белград.

Може да се обидете (да не понижите) до одредена граница, понатаму кога немаме каде – како стаорец во ќош ќе се браниме со сите четири нозе – рече Вучиќ.

Тој повтори дека Србите во Косово само сакаат да преживеат и да бидат „свои на своето”. Тој оцени и дека однесувањето на КФОР е многу пофер од однесувањето на повеќето западни влади.

Тие (Кфор) сериозно и одговорно ја третираат ситуацијата – рече Вучиќ.

Тој побара објаснување од Приштина во врска со апсењето на поранешниот полицаец на косовската полиција Дејан Пантиќ, наведувајќи дека на Белград не му се познати причините за неговото апсење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.