Амбасадорот на Германија на Косово, Јорн Роде, го критикуваше Косово поради непочитувањето на одлуката на Уставмиот суд во врска со имотот на манастирот Високи Дечани, посочувајќи дека Косово не може да влезе во Советот на Европа се додека не ги почитува одлуките на судот, пишува порталот „Калчо“.

„Јавно кажавме дека Советот на Европа е организација на владеењето на правото и дека непсоведувањето на пресудите од Вашиот врховен суд е јасно кршење на владеењето на правата. Ако сакате да стахнете членка на Советот на Европа, а не се однесувате како што треба, тоа не е рецепт за членство. Сторете го тоа сега и можете да добиете значителен број гласови и да станете членка на СЕ,“ истакна Роде во интервјуто во емисијата „Калчо перниме“.

Според зборовите на амбасадорот, ако Косово не помине во Парламентарното собрание, тоа не е добар знак за брзо донесување одлука.

„Сакаме Косово да стане членка на СЕ бидејќи постои позитивен став, но сега останува на Приштина да го направи својот дел на патот кон членство во Советот на Европа. Не сакам да ги повторувам повиците од сите меѓународни организации или влади, но Дечани е случај што мора да се заврши“, повторни Роде.

Тој го коментираше и ставот на претседателот на општината Дечани, Башким Рамосај, кој рече дека никогаш нема да ја испочитува таа одлука.

„Не сакам да навлегувам во дискусија дали градоначалникот е во право или не, секој граѓанин и секој градоначалник на Косово има право на мислење или на критика, но секаде мора да се спроведуваат судските одлуки и тоа е завршена работа. Не е важно што велат или не велат политичарите. Слични дискусии имавме и во Германија кога во 1994 година Уставниот суд донесе одлука дека не смее да се чепкаат сите експропријации на Сталин во периодот 1945-1949 година. Во Источна Германија имаше милион хектари, не 24 хектари, туку милиони хектари и многумина не ја поздравија одлуката на судот, но таа одлука беше донесена и спроведена. Тука завршува приказната“, нагласи Роде, меѓу другото.

Пораката од Роде беше истакната и во минатонеделниот извештај на на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), во кој  се оценува дека имотниот спор на манастирот Високи Дечани, најпознатиот спрски православен манастир на Балканот, е меѓу проблемите поради кои се попречуваат на патот на Косово до членство во Советот на Европа и дека решението на тој спор би било победа за владеењето на правото.

„Ова прашање неодамна стана услов сине ква нон за Косово да напредува на патот кон членство во СЕ,“ се наведува во извештајот.

Уставниот суд на Косово на 19 мај 2016 година донесе одлука за враќање на 24 хектари земјиште на манастирот Високи Дечани, но таа пресуда остана само на хартија.

Манастирот Високи Дечани се наоѓа на списокот загризени споменицо од светското културно наследство на УНЕСКО и на листата на најзагрозени локалитети од културното наследство во Европа составена од Паневропската федерација за зачувување на културното наследство на Европа Ностра.

Манастирот во повеќе наврати беше изложен на директни напади од екстремните Албанци и е под постојана заштита на меѓународните сили на КФОР, со што е единствениот верски објект и споменик на УНЕСКО во Европа што е под воена заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.