Во Словенија продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата на коронавирус, а од кабинетот на премиерот Јанез Јанша соопштија дека кај него е потврдена инфекција, засега без посебни симптоми.

Јанша на „Твитер“ напиша дека со самостојно тестирање открил дека е заразен и дека ги има сите класични симптоми, но засега во поблага форма и дека тестот покажал позитивен резултат кај неговите двајца малолетни синови.

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 5.076 инфекции преку 1.566 ПЦР и 51.036 брзи антигенски тестови, а починале уште 16 заразени, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Потврдени се околу шест илјади помалку заразени од претходниот ден, а пад на новозаразени се забележува и на неделно ниво, па продолжува трендот на смирување на петтиот бран на епидемијата од крајот на минатата недела.

Во земјата моментно има 173.691 активни инфекции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.