Пронајдена е и трета жртва од пожарите во Грција.

Јагленисано тело на маж е пронајдено во колиба уништена од пожарот на островот Евија. На истиот остров вчера загинаа двајца пилоти кога нивниот канадер се урна додека го гасеа огнот во близина на Каристос. Грчките пожарникари со колегите од Словачка, Романија,Труција и Србија продолжуваат со обидите да ги стават под контрола пламените јазици што ги пустошат Родос, Евија и Крф, но нивната работа и денеска ја отежнуваат високите температури од над 40 степени. Три лица загинаа и во шумските пожари на италијанскиот остров Сицилија. Повеќе од 600 пожарникари поддржани од 40 авиони втор дека се борат да го контролираат шумскиот пожар во турското летувалиште Кемер. Шумски пожар и во Португалија, во близина на Лисабон. Како мерка на претпазливост евакуирани се повеќе од 70 луѓе. Грција скоро секое лето се бори со големи шумски пожари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.