Во ресторан во Пула претепан е гостин кој наводно не сакал да си ја плати сметката.
Според пишувањата на локалните медиуми, персоналот на ресторанот го претепале 26-годишниот гостин бидејќи откако ручал не ја платил сметката.
Син ми седнал во ресторан, и додека ме чекал, јадел пица и пиел пиво. Поради работни обврски задоцнив да му донесам пари да плати и да си оди дома. Меѓутоа, штом стигнав на паркингот тој беше на другата страна од патот, видов како целиот персонал од ресторанот го удира додека лежи на земја. Мислеле дека ќе избега и викаа по него. Сега е со скршена рака и едно ребро. Дури и да имало некаков проблем, било какво недоразбирање, не е нормално да претепате човек за пица, вели таткото на нападнатото момче, сопственик на неколку кафулиња во Пула.
Медиумите побарале одговори и во ресторанот во кој што се случил инцидентот.
Ќе проверам за што станува збор, но не верувам дека моите вработени некого би претепале. Се случувало некој да нема пари или тврдоглаво да плати, но никој никогаш не бил нападнат. Ние ја негуваме репутацијата на нашиот бар и навистина тоа што ме прашувате ми е за неверување, рекол сопственикот на ресторанот.
Од полицијата го потврдија настанот и работи на околностите како дошло до овој немил настан.
Полицијата го испитува настанот со повредата на 26-годишното момче кое на 31 јули околу 23.20 часот пријавило дека на Форуот во Пула бил нападнат од повеќе лица затоа што не платил за оброкот кој го конзумирал во ресторанот. Во инцидентот тешко повредено е момчето, а полицијата продолжува да испитува под кои околности настанал овој настан, велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.