Српски државјанин од Младеновац е лицето кое денеска околу 11 часот нападна жандарм додека бил на безбедносна должност пред израелската амбасада на Дедиње во Белград. Како што објавува српски Курир, тој наводно ја сменил верата и отишол да живее во Нови Пазар. Утврдено е дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име Салахудин. Неговото тело сѐ уште е на лице место, на Дедиње.

Бил облечен во бела маица и темно сиви панталони, имал долга брада и кратка фризура. Носел хируршка маска и капа. Со себе имал ранец и торба од која го извадил самострелот.

Полицаецот во самоодбрана го застрелал овој напаѓач, кој починал на лице место, а според неофицијални информации на местото на настанот дошол со автомобил.

Според неофицијални информации напаѓачот, живеел во стан под кирија. Соседите го виделе со жена, која најверојатно му била сопруга, но едвај се дружеле со соседите.

Последните денови не биле во станот што го изнајмиле бидејќи соседите не ги забележале.

– Искрено, тие беа тивки, ќе се поздравеа, си го живееја животот, никогаш не би помислил дека е способен да направи вакво нешто, знам дека работел во курирска служба како доставувач на храна – рекол сосед на Салахудин, кој денеска тешко рани полицаец пред израелската Амбасада во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.