Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани, синоќа бил итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана, каде е се уште на болнички третман.

Според болнички извори, Нишани се лекува од пост ковид билатерална пневмонија и е на кислородна поддршка.

Дел од медиумите, повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека животните параметри не му се во добра состојба.

Педесет и шест годишниот Нишани, беше претседател на државата во период 2012 до 2017 година.

По завршување на мандатот тој се повлече од политичката сцена, каде се врати пред една година, кога беше избран за претседател на Националното собрание на Демократската партија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.