На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, следната недела во дводневна официјална посета на Албанија ќе престојува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Веста ја соопштија од кабинетот на Бегај, од каде наведуваат дека Матарела во Албанија ќе престојува на 7 и 8 септември.

За време на посетата претседателот Матарела ќе оствари средби и со високи претставници на албанската држава.

Матарела е прв шеф на држава кој доаѓа во посета на Албанија по преземањето на функцијата претседател од страна на Бегај, на 24 минатиот месец. Тој пак Косово го избра за прва дестинацијата како шеф на албанската држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.