Во Општата болница во Целје, Словенија, бил сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив.

Словенечката полиција повела истрага, а раководството на болницата понудило оставка поради инцидентот.

Според информациите, болницата го прогласила преживеаниот за мртов и го известила семејството, кое го погребало починатиот пред да биде откриена грешката во болницата.

Грешката била откриена дури кога преживеаниот пациент бил вратен во домот за стари лица.

Како што јави словенечката телевизија N1, двајца постари пациенти биле донесени со исто возило на брзата помош од ист дом за стари лица и со себе немале белезици за идентификација, па информациите ги презеле од екипата на брзата помош.

Во оваа ситуација се огласи министерот за здравство, Бешич Лоредан, кој рече дека ова е прв ваков случај во Словенија и додаде дека очигледно имало замена на идентитетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.