Се чувствувам како да умрела таа вечер. Најголемата грешка ми е што слепо ѝ верував. Не знам дали овај грев ќе ми оди во душа, но ќе беше подобро да се убиеше – со овие зборови ја почнува болната исповед Денис М.(21), чија мајка Јасмина С. се сомничи за убиство на неговиот очув Синиша, по што речиси еден месец го чувала неговиот леш во станот во Лазаревац каде живееле со три малолетни деца.

Цело време го чуваше отворен прозорот во таа соба, а пред вратата ја стави закачалката за сушење алишта за никој од нас да не влезе. Се обидов неколку пати да влезам во собата, но таа не ме пушташе, стоеше пред мене и ми викаше: „Не може, не може“. Синиша последен пат го видов на крајот на јануари, вели тој за српските медиуми.

Објаснувајќи како живеел и што се случувало во куќата во која мајка му го криела телото на Синиша, Денис тешко може да направи разлика помеѓу реалноста и хорор филм.

Еден ден не работев и останав дома. Чудно ми беше што Синиша го немаше цел ден. Не излезе да јаде, не го видов да оди до тоалет. Мислев дека не му е добро и вечерта тргнав да видам како е. Ја фатив кваката и тогаш мајка ми доби напад на хистерија и скокна пред мене. Ме одведе во соба и рече дека Синиша е во болница, дека е на ВМА, се сеќава Денис.

Додава дека инсистирал да се слушне со Синиша.

Ми рече дека не може да се оди во посета поради короната, а дека телефонот му бил одземен при приемот во болница. Знаев дека тој не би заминал без претходно да ми каже дека му е лошо, иако знаев дека има проблеми со срцето и притисокот. Мојот најголем грев е што ѝ верував, вели тој.

Денис додава дека постојано се прашува што ќе се случеше доколку влезеше во таа соба и дали мајка му би си пресудила пред него или можеби би го нападнала и него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.