За време на меѓународната акција на српските и хрватските истражни органи биле „провалени“ многу идентитети, како и лицата кои се криеле зад нив. Така, во Нови Сад веќе со месеци се води постапка против лица обвинети дека му дале лажен пасош на Радоје Звицер.

Звицер е обвинет за влијание врз полицаецот Миленко. од Темерин да му помогне и да обезбеди туѓи документи и лажно живеалиште во Нови Сад за да извади лична карта и пасош на име Слободан Зец.

Обвинителството тврди дека со увидот во полицискиот систем се видело дека Зец се преселил во Австралија во 1998 година, а оти неговиот отпечаток, потпис и фотографија ги нема во полициската база, па затоа било погодно да се користат неговите податоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.