Началникот на хрватската полиција, Никола Милина, најави дека полициската екипа најверојатно повторно ќе замине во Србија во врска со истрагата за исчезнатиот Матеј Периш од Сплит. Милина рече дека хрватската полиција спроведува истрага во Хрватска во врска со исчезнувањето на хрватски државјанин во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

„Разменуваме информации. Колегите сигурно уште еднаш ќе одат во Србија“, рече Милина на прес-конференцијата.

Тој додаде дека полицијата не може да ги прочита сите коментари, туку собира информации од сите безбедносни служби и граѓани.

„Полицајците можат слободно да постапуваат согласно законот, без да чекаат наредби. Замислете секој полицаец да чека команда“, рекол Милина.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија трагаат по хрватскиот државјанин Матеј Периш, чие исчезнување било пријавено на 31 декември.

Денеска се навршува 30-ти ден од пријавувањето на исчезнувањето на младиот човек во Белград, а јавноста од целиот регион со големо внимание го следи текот на истрагата. Бидејќи целиот случај стана многу јавен, на порталите и социјалните мрежи во Хрватска, чиј државјанин е Матеј, некои луѓе не се двоумат да го напишат својот суд за целиот случај. Има различни коментари, од негативни, злобни до праведни до поддршка за семејството на Матеј Периш.

Исчезнувањето на Матеј Периш имаше голем одек во целиот балкански регион, а најмногу во Хрватска. Под објавените вести за истрагата за Матеј на хрватските мрежи и портали има грст коментари, меѓу многуте најистакнати се оние кои го поддржуваат семејството Периш, како и оние кои преку ноќ станаа „експерти“ и оставаат совети под вестите за тоа како и кој може да го најде Мaтеј.

„Боже помогни да се најде момчето. Ова е предолго“, пишува во коментар на социјалната мрежа под веста за исчезнатиот Матеј.

„Не е мртов. Драг Ненад не ви е лесно, немојте да се скршите. Сите што не ја кажаа вистината ќе се скршат. Каде ќе им оди душата. Лажат така на Матеј му е се потешко. Ова отиде предалеку. Фала богу веруваме дека е жив, а лаги кои човек ги кажува, се знае многу добро, не е пријател“, се наведува во друг коментар.

Некои одат дотаму што му препорачуваат на таткото на исчезнатиот млад човек да ги поврзе со луѓе кои комуницираат со душите на починатите?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.