Поранешниот албански претседател Илир Мета, сега лидер на Партијата на слободата, денеска  на Фејсбук напиша дека „никој не треба да се грижи за неговото презиме кое било и е Метај“.

Ваквиот став на Мета доаѓа откако Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) побара податоци од Управата за матична евиденција за неговите генералии.

– Јас сум и секогаш ќе бидам Илир Реџеп Метај, роден на 24 март во Чепан кај Скрапар и немам причина не само да не се гордеам со моето име, туку и со моето презиме, наведе Мета.

Мета, чиј петгодишен мандат заврши на 24 минатиот месец не дава објаснувања зошто за пет години на чело на државата потпишаните укази се со Илир Мета, а не со Илир Метај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.