Работната група за визна политика на ЕУ денеска за прв пат одржа разговори за иднината на визната либерализација на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова попладнево го соопшти чешкото претседателство со ЕУ.

Косово е единствената земја од шесте западнобалкански чии граѓани не уживаат слободен визен режим со ЕУ.

Денеска работната група за визи во Советот на ЕУ го стави ова прашање на дневен ред за прв пат.

За време на состанокот Европската Комисија го презентирала својот нов технички извештај, чиј заклучок е дека Косово и натаму ги исполнува критериумите за визна либерализација.

Според чешкото претседателство атмосферата на работната група одела “генерално кон поддршка за визна либерализација за Косово“, но се истакнува дека за да може да продолжи дискусијата “низа поврзани теми ќе треба да бидат разјаснети“, но без повеќе детали.

Пет земји на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.