Црна Гора го откажа учеството на Евровизија следната година. Причина се расположливите ресурси и трошоците на јавниот сервис.

Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постојните ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории, соопшти црногорскиот јавен сервис.

Според некои медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.