Хрватски „24 сата.хр“ објавува детали за тоа што се случувало кобната вечер со дискотектата „Привлилиџ“ во Градскиот парк.

Медиумот пишува дека Денис и девојката Клементина која има само 19 години се знаеле од претходно и оти најверојатно имале нерасчитени односи.

Девојката се однесувала премногу агресивно целата вечер што се гледа и на снимката од безбедносните камери. Претепувањето на Денис се случило пред најмалку десет луѓе кои само гледале.

Хрватските медиуми уште пишуваат дека полицијата го одзела мобилниот на Денис за да види дали меѓу нив има некаква комуникација која претходела на настанот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.