Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирани пијалаци.
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава за телевизијата „N1“ изјави дека денеска има „малку повеќе пациенти“ од труење со газирани пијалаци, пренесуваат хрватските медиуми.
Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина прашање е дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола, рече тој.
Берош рече дека мора да се биде внимателен, но дека нема потреба од паника.
Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирана пијачка.
Како што дознава „Јутарњи“ од КБЦ Загреб, синоќа во установата дошло уште едно машко лице.
Сомненијата се дека дошло до труење. Според сознанијата од болницата, мажот пиел „Ромеркел“ во кафулето.
Случајот со четвртото хоспитализирано лице во Хрватска синоќа за ТВ Дневник Нова го потврди Рајко Остојиќ, специјалист по гастроентерологија и хепатологија и претставник на Одделот за гастроентерологија при КБЦ Загреб.
„Околу 20:00 часот примивме пациент. Се работи за млад човек кој е во клинички добра состојба, лекувањето е во тек и засега изгледа клинички добро“, рече Остојиќ, додавајќи дека постои сомнеж дека тоа е труење со пијалок, но нагласено е да се чека детална обработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.