Хрватска ќе ја зголеми помошта за пријателскиот украински народ и ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра како дел од иницијативата „Global Citizen Impact“ за помош и грижа за украинските бегалци.
Додека руската брутална агресија против Украина продолжува, би сакале да ја изразиме нашата поддршка и солидарност со украинскиот народ.
Хрватска ветува дополнителни 100 милиони евра помош за украинските бегалци на кои ќе им треба прием во Хрватска. Во овие тешки моменти за украинскиот народ, ќе продолжиме со нашата поддршка, солидарност и помош во овие моменти во кои сме со Украина и со Украинците – објави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ
Според најновите податоци, во Хрватска има повеќе од 12.600 украински бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.