Хрватска денес го отвора Пељешки мост, гордоста со која се спојува југот со остатокот од државата, како што јавуваат хрватските медиуми.
Грандиозниот мост, чија вкупна челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи колку 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на Европската Унија со неповратни 357 милиони евра (85 отсто од трошоците), а на него во текот на десет години работеа неколку влади.
Вкупната вредност на проектот е околу 420 милиони евра.
Овој мост го поврзува полуостровот Пељешац со хрватското копно, преминувајќи преку Малостонскиот Залив.
Вкупната должина на мостот е 2.404 метри и е нешто пократок од Голден гејт во САД, кој е долг 2.737 метри.
Градежните работи на Пељешки мост ги изведе кинеската компанија Чајна роуд енд бриц корпорејшн (ЦРБЦ).
Го проектираше Словенецот Марјан Пипенбахер, а свеченото отворање е закажано за 20:15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.