Хрватска ги исполни сите услови што ѝ овозможуваат да се приклучи на еврозоната како 20 земја членка, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ) во својот најнов извештај за конвергенција.
За да можат да го усвојат еврото, земјите членки на Европската Унија мораат да исполнат услови на конвергенција кои се однесуваат на инфлација, на дефицит, на јавен долг, на каматни стапки и на девизни курсеви. Тоа се економски и правни услови што се усвоени со Договорот од Мастрихт во 1992 година и попознати се како „Мастрихтски критериуми“.
Конечната одлука за пристапување на Хрватска во еврозоната ќе ја донесе Советот на Европската Унија (ЕУ) и истата се очекува во јули. Одлуката е заснована на предлог на Европската комисија (ЕК) и се носи по консултација со Европскиот парламент и пои расправа во Европскиот совет.
Извештаите за конвергенција се објавуваат на секои две години и ЕЦБ во нив ја анализира ситуацијата во земјите членки на ЕУ кои го немаат воведено еврото, без разлика дали изразиле намера за такво нешто или не.
Најголемите дилеми за Хрватска се однесуваа на инфлацијата, но ЕЦБ истакна дека Хрватска и Шведска, како единствени две мониторирани земји од седумте, кои го исполниле тој критериум. Прифатливата стапка на инфлација е пресметана според движењето на цените во три земји членки на еврозоната со најнизок раст на цените, меѓутоа ЕЦБ ги иззема Малта и Португалија, земји со најниска стапка на инфлација од 2,1, односно 2,6 отсто, како нетипични во извештајот.
Компјутерските мерења се засновани на инфлацијата во Франција (3,2 отсто), Финска (3,3 отсто) и Грција (3,6 отсто). Земјата кандидат за влез во еврозоната може да има 1,5 процентни поени повисоко ниво на цени од трите држави со најниска инфлација. Па така, референтната вредност изнесуваше 4,9 отсто, а просечната стапка на инфлација во Хрватска во периодот мај 2021 година до април 2022 година изнесувала 4,7 отсто.
Јавниот долг на Хрватска е 79,8 отсто од БДП и повисок е од посакуваните 60 отсто од Мастрихт. Кај тој критериум е важно јавниот долг да се намалува доволно нагло што и било случај во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.