Нелегално правевме вино во хашкиот затвор, произведовме и испивме повеќе од 1.200 литри. Ова го откри хрватскиот воен злосторник Валентин Ќориќ во својата книга во која ги опишува годините поминати во затворот. Книгата симболично е наречена „In vino libertas“.
Во книгата детално го опишал нелегалното производство на вино во ќелиите на Шевенинген… Вели дека почнал да прави вино во затворската ќелија набргу откако во април 2004 година пристигнал во Хаг:
– Грозјето што можевме да го нарачаме во затворската менза го реши основното прашање на производството: снабдувањето со суровини. По набавката на грозјето се дробеше и се одвојуваа стеблата. Зедовме затворска тенџере од осум литри за собирање. Тенџерето ја презеде улогата на бурето со вино… Секогаш беше при рака, не беше преголем, а при рака беше за мешање. Мојата ќелија мирисаше како да сум во винарска визба.
И така, на почетокот на летото 2004 година започнало нелегалното производство на вино, на крајот.
– Поминаа годините на нашето заробеништво, а со нив и затворската жетва. Во нелегалните визби бевме се повнимателни, но и упорни. Верувавме дека на овој начин повторно добиваме барем малку од украдената слобода. Не пиевме за да ја задоволиме жедта, туку за да ја згасиме желбата за живот надвор од занданата. Стравовите од откривање беа реални.Во тој долг период произведовме и испивме повеќе од 1.200 литри вино. По десет години затворската управа дознала што се случува. Во рацијата ни беа одземени повеќе од сто литри вино-објасни Ќориќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.