Во период што е исклучително променлив и нестабилен во нашиот поширок регион, апсолутно е клучно Европската унија, европското семејство да се продлабочува, да расте, да станува посилно, истакна министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, по пристигнувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија коментираше дека денешниот ден е важен за европската перспектива на Западен Балкан, што како што потсети, започна пред 21 година, а Грција е водечка сила преку Солунската агенда.
За интегративниот процес на Албанија, Герапетритис посочи дека „Грција имаше конструктивен став и покрај кризата што постои во последните 18 месеци во евро-албанските односи“.
-Нашата позиција е дека ќе треба првиот сет на поглавја, кој се отвора денеска и се однесува на основните права и владеењето на правото, да ги вклучи и правата на малцинствата, вклучително и грчкото национално малцинство, особено нивните имотни права. И секако, овој став сега претставува заеднички став, евидентиран заеднички став на 27-те земји-членки на Европската Унија. Грција внимателно ќе го следи овој процес и ќе интервенира онаму каде што е потребно, со желба дека и остатокот од Западен Балкан ќе го следи овој пат, рече Герапетритис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.