Итно и целосно расчистување на случајот со телефонското следење, бара грчката претседателка Катерина Сакеларопулу која во писмената изјава вели дека „заштитата на приватноста на комуникацијата е основен услов на едно демократско и либерално општество“, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу додава дека исклучокот предвиден со Уставот поради националната безбедност е поврзан со потребата да се заштити земјата, но потребно е толкувањето и спроведувањето „да биде во согласност со принципите на владеење на правото и пропорционалност.“

Строгото почитување на законитоста и транспарентноста на државното дејствување не претставува само гаранција за индивидуалните права, туку и најклучниот показател за квалитетот на нашата демократија, вели грчката претседателка и додава дека на тоа се базира довербата во државата.

Таа истакнува дека случајот треба да се расчисти со воздржаност и придржување до парламентарните процедури и посочува дека почитувањето и одбраната на демократијата „ги надминува партиите, личностите и позициите“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.