Црна Гора покренува истрага против Драган Самарџиќ, пензиониран адмирал и поранешен началник на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, за воени злосторства на територијата на Република Хрватска. Обвинението се однесува на гранатирањето на Сплит на 15 ноември 1991 година, пишува „Далматински портал“.

Адмирал Самарџиќ во тоа време бил поручник на фрегата и командувал со ракетниот брод RTOP-406. Во Хрватска за нападот на Сплит се гонети над 30 припадници на југословенската морнарица (ЈРМ), но меѓу нив го нема Самарџиќ кој наредил да се отвори оган од 57-милиметарските пушки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.