Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, јави дописничката на МИА од Атина.

Не станува за официјален амбер алерт, туку за фотографија и информации поврзани со 14-годишната, чија трага се загуби во понеделникот наутро во центарот на Скопје.

Споделени се сите информации, околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Паралелно, заедно со информациите, споделена и фотографија.

„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а межу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.