После вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатата Данка Илиќ, откриено е дека таа непосредно пред исчезнувањето на детето гуглала за гранични премини меѓу Србија и Романија, пишува Информер.

Ивана Илиќ на интернет го пребарувала граничниот премин Кладово-Турну-Северин.

Истото така мајката на детето гуглала за кривична одговорност, колкава е за одредени кривични дела.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор, која исчезна во вторникот на 26 март во 13.45 во населбата Банско поле, влегува во осмиот ден, но јасни информации за судбината на детето, за жал се уште нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.