Граѓаните на Србија се за уставни промени со цел српското правосудно законодавство да се усогласи со европското, покажуваат првичните резултати од референдумот, кои ги соопшти вечервапретседателот на Србија Александар Вучиќ.
Во Србија во 20 часот се затворени гласачките места на кои граѓаните на Србија се изјаснуваа на референдумот за промена на српскиот устав во областа на правосудството. Право на глас имаа 6.510.323 граѓани. Граѓаните на прашањето „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“ се изјаснуваа со одговори „да“ или „не“. Со „не“ на референдумот за уставни промени се изјасниле 39,52 отсто, а со „да“ 60,48 отсто. Не постои цензус во поглед на излезноста за да успее референдумот.
Им честитам на граѓаните на Србија, им честитам на сите кои гласаа и за „да“ и за „не“, тоа беше нивно демократско определување. Задоволен сум како сето тоа изгледаше. Србија испрати позитивна слика во светот и верувам дека ќе успееме во наредниот период да направиме нешто по прашањето за суштински независно судство. Мислам дека направивме добра работа за својата земја“, истакна Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.