Протестот „Србија против насилството“ се одржува по 13-ти пат во Белград. Граѓаните кои се собраа во близина на Собранието на Србија стигнаа до Републичкото јавно обвинителство.
Граѓанската протестна колона стигнала до Обвинителството, јавија српските медиуми. Сообраќајот на улицата Кнез Милош е блокиран поради протестот. Протестантите претходно поминаа пред српското Собрание.
„Сè уште нема полиција да не заштити, ние самите се штитиме. Не случајно се наоѓаме пред Обвинителството. Организираното насилство ќе стане кога Обвинителството ќе стане независно. Денес тоа е само партал со кој властите ги бришат нивните злодела – од Јованица до масовните убиства на жени и деца. Ако Обвинителството си ја работеше работата, нашите животи ќе изгледаа поинаку. Може да покрене постапка против медиумите кои пропагираат насилство, против највисоките функционери. На крајот може да предложи забрана за одредени политички организации кои секојдневно го кршат Уставот во оваа земја“, рече адвокатката Софија Мандиќ.
Организаторите на протестот претходно изјавија дека дел од јавноста е револтирана што републичката јавна обвинителка Загорка Доловац со години не се огласувала за клучните афери кои ја разнишале власта на Александар Вучиќ.
Потпретседателот на Народната партија, Мирослав Алексиќ изјави дека во септември ќе почне втората фаза од протестот против насилството, а меѓу говорниците во таа фаза ќе бидат и политичарите.
„На протестите сигурно ќе зборуваме, нема сомнеж, кога ќе влеземе во оваа нова фаза ќе се отворат и политички теми“, изјави Алексиќ за време на протестот во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.