Општина Касандра на првиот крак на Халкидики претрпе материјална штета од синоќешното невреме проследено со силен ветер, а особено погодени беа приморските места Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општина Касандра соопштија дека ја регистрираат штетата и бараат да се прогласи вонредна состојба за брза санација.
Ветерот достигнал јачина од 10 Бофори (над 55 километри на час) и предизвикал бранови во висина од 12 метри, кои стигнале до улиците и тротоарите.
Веќе побаравме од државата да не поддржи со прогласување вонредна состојба во општината за да постојат потребните средства што ќе ни помогнат да ги санираме штетите. Се надеваме дека нашето барање веднаш ќе добие одговор од надлежните министерства, рече градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.