Пожар со големи размери денеска околу пладне изби во хрватскиот град Пула, во населбата Велдебек.

Пожарот зафати и една трафостаница, по што пола град остана без струја. Оганот зафати и повеќе автомобили, а во блиските населени места е наредена евакуација.

„Топете ги со вода дворовите, а доколку оганот е блиску до вас, евакуирајте се“, стои во соопштението на противпожарната бригада.

Неколку авиони беа вклучени во гасењето на пожарот, а според информациите, најлошото е веќе поминато, и останува само да се стави пожарот под контрола. Засега нема информации за жртви или повредени лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.