Коста Кецмановиќ ни на секунда не покажал каење за монструозниот чин, не прашал ниту за жртвите, се грижи само дали станал популарен поради неговиот ужасен чин.
„Зборуваат ли сите за мене“? , „Дали јас сум цар на мрежите“? – ова се единствените прашања што Коста (13) им ги поставува на вработените во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е сместен откако минатата среда уби осум соученици и чувар, дознава српска Република.
Како што открива изворот на Република од институцијата каде што бил затворен, тој никогаш не покажал интерес за децата, не покажал ни ронка сочувство на крајот на краиштата, единствено што го интересира е колку е популарен.
Секој ден барем еднаш прашува што се случува надвор, дали зборуваат за него, што зборуваат, особено на социјалните мрежи. Го држи некоја возбуда, се уште не е воопшто свесен што направил, вели соговорникот.
Коста е под будното око на персоналот. По пристигнувањето бил на разговор со лекарскиот совет, а прегледи имал и претходниве денови. Сепак, тој сè уште не покажува знаци на каење за убиството на своите школски другари, како што не покажа за време на неговото сведочење.
Тоа не треба да чуди ако се земе предвид дека момчето цел месец го подготвувало суровиот план, како што самото изјавило, и што покажало вештачењето на неговиот телефон. Имено, како што било утврдено, тој на интернет го пребарал Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат кривично да одговараат. Бидејќи во јули ќе наполнел 14 години, го забрза целиот план. Исто така, како што беше утврдено, ноќта пред масовното убиство, тој гледал американски блокбастер за масакр во училиште во Америка, пренесе порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.