Електричната ударна дупчалка „POWER PLUS“ модел „IMACT DRILL“ е повлечена од пазарот на Србија поради опасност од повреда, објавено е на веб-страницата на системот за пријавување небезбедни производи (НЕПРО), јави дописникот на МИА од Белград.

Тестирањето на производот утврдило дека копчето за стартување на работа на дупчалката може да се заглави, што може да доведе до опасности во непредвидени околности и повреда на корисникот.

Како што е наведено, изолацијата на проводните жици што водат до куќиштето не може да издржи високи температури, па при долготрајно работење може да дојде до пожар и изгореници.

Електрична ударна дупчалка е од марката „POWER PLUS“ модел „IMACT DRILL“ – ударна дупчалка „POWP2050 series 15-10-202200857/00514“, моќност 1050 вати, напон 230-240 волти, фреквенција 50 хр, и е наменета за дупчење дрво, метал, пластика и ѕидови.

Производот е спакуван во пластична кутија. Земјата на потекло е Белгија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.