Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев на брифинг во Судската палата изјави дека нема да поднесе оставка.

Сум работел само и само за Бугарија и безбедноста на бугарските граѓани. Можеби грешев, можеби кажав нешто немерено, но се беше во интерес на народот – рече Гешев.

Тој истакна дека по пристигнувањето од САД бил повикан да поднесе оставка.

Се спомна моето семејство и дека ако не го сторам тоа, некој ќе го притисне копчето Ентер со некои работи, со некои видеа и затоа подобро бидам внимателен, бидејќи животот продолжува – рече Гешев.

Главниот обвинител рече дека пред еден месец добил понуда да стане амбасадор во Израел или Турција и да има политичка кариера.

Гешев изјави дека ја подготвил оставката, но демонстративно ја искинал и ја фрлил на подот на денешната прес-конференција. Тоа се случува неколку денови откако кандидатката на ГЕРБ-СДС за премиер Марија Габриел, а потоа и шест членови од Високиот судски совет побараа негова предвремена смена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.