Дајте го Косово, а ако не го направите, ќе останете прво без Санџак, а потоа без Војводина…

Познатиот новинар Миломир Мариќ за „Српски телеграф“ цитира закана што пред 17 години, во 2007 година,  ја упатил тогашниот германски амбасадор Андреас Кобел, инаку историчар, кој почина две и пол години подоцна.

Како што објаснува Мариќ тоа се случило на една вечера, на која присуствувале Кобел и тој.

Пиевме, разговаравме и во таа прилика отворено рече: „Ако не ни го дадете Косово, ќе ви го земеме Санџак, ако не го дадете Санџак, ќе ви ја земеме Војводина“. И тоа не беше шега. Кобел, инаку, беше историчар, многу образован и паметен човек. Знаеше многу за историјата на Европа, но и на Србија – вели Мариќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.