Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска потврди дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Македонија останува непроменет.

Според неа, „Бугарија има јасна и силна позиција за Македонија“.

Одлуката за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност е целосно во рацете на претседателот Радев, потенцирала Генчовска.

Шефицата на дипломатијата објаснила дека со неа немало задкулисни разговори за укинување на ветото.

Слушаме само „Сакаме да го тргнете ветото“, а не гледаме конкретна акција од нивна страна. Не се пазариме зад кулисите, пред кулисите, воопшто не се пазариме, појаснила Генчовска.

Во текот на вчерашниот ден бугарскиот премиер Кирил Петков побара од бугарскиот шеф на државата Румен Радев да се свикат Советот за национална безбедност околу ситуацијата со преговорите меѓу Бугарија и Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.