Скандалозни откритија за премиерот Петков обелодени министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, од Има таков народ пред пратениците, ги пренесува гласове.бг сознанијата на епицентар.бг. Бугарија има две надворешни политики, едната е на премиерот Петков и неговите надворешнополитички советници, а втората на Министерството за надворешни работи.
Ова го изјавила министерката Теодора Генчовска на затворената седница на парламентот, побарана од пратениците во врска со позицијата на Бугарија во односите со СРМ и од надвор појавените информации дека премиерот ветил до крајот на јуни Бугарија да го тргне ветото за Скопје.
Пред народните избраници Генчовска признала дека ситуацијата во надворешната политика е скандалозна. Таа открила дека како министерка за надворешни работи дознава 80% од работите во однос на Македонија. Од пријатели во соседната држава Генчовска дознала дека Петков и Ковачевски се договориле за нова меѓувладина седница.
Тоа значи дек зад грбот на коалиционите партнери и легитимните државни институции премиерот Кирил Петков и неговата надворешнополитичка советничка Весела Чернева спроведуваат надворешна политика на штета на националните интереси.
-Бугарија има две надворешни политики. Едната е Министерството за надворешни работи, а втората се спроведува од премиерот и неговите надворешнополитички советници, рекла Генчовска.
Во однос на мешовитата историска комисија, за жал, позитивните изјави на премиерот Петков се тотална невистина. Завршената работа на таа комисија е нула, додала Генчовска.
-„Промените продолжуваат“ продолжуваат да живеат со убедувањето дека државата е една невладина организација, рекла Генчовска пред збунетите пратеници.
Таа додала дека во Министерството не била доставена ниту една стенограма од средбите на премиерот Петков со претставници на македонската страна, што според неа, претставува уште едно прекршување на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.