Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија сака Западниот Балкан и Украина „да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат на европското семејство“.
-Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот“. И тоа е она кон целат Путин и другите автократи. И овде луѓето разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи, рече Фон дер Лајен на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Според неа, процесот на пристапување во Европската унија, кој во моментов постои, е исклучително важен чекор и веќе „не може да има сиви зони“ во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.